Александар Емелјаненко: Петти нокаут по излегувањето од затвор

Дмитриј Голубович/Russian Look/Global Look Press
Александар Емелјаненко, помладиот брат на познатиот Фјодор Емелјаненко и исто така мајстор на мешани боречки вештини, со нокаут во втората рунда го победи Чехот Виктор Пешта. Александар се врати во октагонот по затворската казна и сега реди победа по победа.

Овојпат противник му беше 27-годишниот чешки борец Виктор Пешта, кој во кариерата имаше 13 победи и 4 порази (сите четири во UFC, каде одржа една победа). Висок е 190 см, тежок 108 кг.

Александар Емелјаненко има 36 години, висок е 193 см, тежок 116 кг. Во кариерата до оваа борба имаше 34 мечеви од кои 27 победи и 7 порази. Повеќето победи ги доби со нокаут како и во претходната борба против Габриел Гонзага.

Пешта во првата рунда имаше иницијатива и предност, зададе повеќе прецизни, иако не доволно силни удари. Во втората рунда успеа да го собори Емелјаненко на грб и да ја продолжи борбата во партерот, но тука загуби многу сила. Судијата поради недоволна активност повторно ги крена борците на нозе, по што Емелјаненко набрзо го нокаутираше Чехот.

Емелјаненко Помладиот поради силување на куќната помошничка помина година дена во затвор, а по излегувањето ја продолжи кариерата. Во моментов се бори за клубот „Ахмат“ чиј покровител е раководителот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров.

Погледнете ги најопасните руски ММА борци во акција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња