„Стрелка“ - ултимајт фајт по руски

Како аматер победи професионалец.


Ултимајт фајт („ultimate fight“/најекстремен вид борба – неформален назив за мешовити боречки вештини – англ. mixed martial аrts, MMA), е се попопуларен во Русија. Но на уникатен, руски начин. Во „стрелка“ - турнирите (стрелка рус. улична тепачка), кои се организираат секоја недела, можат да учествуваат сите, дури и оние кои никогаш не се занимавале со овој спорт. Неформалниот карактер на борбите, различни од класичните ММА турнири ги прави интересни и популарни - учестува било кој, се борат под отворено небо, на песок, трава или на земја. Според правилата на „Стрелка“, борбата не е ограничена и трае се додека еден од борците не се предаде или не ја прекине судијата. На рацете носат ракавици, дозволени се удари со раце и нозе и борба во партер. 

Организаторите на „Стрелка“ за две години одржаа 11 турнири, па бргу се забележани од американската компанија за организација на ултимајт фајт „Трон MMA“ земајќи ги под свои закрила.
Водени од желбата за заработувачка, популарност и слава, се повеќе луѓе покажуваат интерес за учество. Еве еден таков „борец“ во денешново видео, кој дојде од публиката и победи професионалец.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња