Изгоре до темел еден од најважните споменици на дрвената архитектура во Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 18 век во градот Кондопога во Карелија изгоре во целост.

Веста за пожарот пристигна во петокот во 09:33 часот, пренесуваат медиумите. Според работичка од храмот, огнот почнал да се шири од тремот на црквата. На месото биле ангажирани 24 лица, шест единици техника и дополнителни противпожарни единици.

„Целосно изгоре. Пожарот целосно ја зафати црквата“, изјави претставник на управата.

Министерството за вонредни состојби на Карелија почна проверка во врска со избивањето на пожарот. Причините се засега непознати.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се наоѓа на територијата на поранешното село Кондопога, од кое настана градот Кондопога. Храмот е подигнат 1774 година кога дрвеното неимарство веќе било на залезот. Посветен е на загинатите селани во Кишкото востание 1769-1771 година.

Оваа црква беше една од највисоките дрвени цркви на рускиот север и значаен споменик на народната дрвена архитектура од крајот на 18 век.

Погледнете ги најважните руски цркви во историјата: Безвременска убавина што плени