Џабе ви се санкциите: Руски производител на телефони со антисанкциски смартфон со златен вентил

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот производител на луксузни мобилни телефони Caviar осмисли нова серија со ексклузивен дизајн во чест на Денот на вработените во нафтено-гасната индустрија, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на соопштението за печатот на оваа куќа.

На едниот од моделите од оваа серија е инсталиран златени вентил кој може да се врти. Ова е инаку првпат на некој примерок осмислен од дизајнерите на оваа куќа да се појавува подвиен елемент. Куќиштето на телефонот е обложено со злато и украсено со црна капка која ја симболизира нафтата, како и со релјефен приказ на нафтен платформа. На плочката во долниот дел од телефонот е испишано „Вашим санкциям труба“ (Џабе ви се санкциите), што е инаку позната реченица која 1983 година советските работници ја напишаа на гасовод во Сибир обраќајќи му се на американскиот претседател Роналд Реган. Во прашање е инаку игра на зборови, „труба“ значи гасовод, но и дека некоја работа пропаднала.

Цената на телефоните посветени на нафтено-гасната индустрија почнува од 237 илјади рубли (3211 евра).

Во јуни оваа година Caviar разви дизајн на куќиштето на iPhone X во чест на победата на репрезентацијата на Русија над Египет на Светското првенство во фудбал. На задната страна на телефонот iPhone X Caviar National Teams Russia Heroes се изгравирани мрежа направена од шестоаголници кои симболизираат фудбалска топка и имињата на репрезентативците на чело со селекторот Станислав Черчесов. Телефонот е украсен со броевите кои фудбалерите ги носат на дресовите и со позлатен грб на Русија.  

Прочитајте повеќе: Во продажба iPhone од злато за „Златната доба на Владимир Путин“