Управата на Министерството за вонредни состојби за Нижненовгородската област објави фотографии од огромен кратер кој се појави во Шатковскиот реон недалеку од селото Неледино. Снимката е направена од квадрокоптер, а димензиите на провалијата најдобро се гледаат во споредба со автомобилите и луѓето во позадина кои делуваат ситно.
Пресс-служба ГУ МЧС России по Нижегородской области
Според првите процени, јамата со пречник од околу 50 метри е длабока 32 метри. Судејќи според фотографиите, на нејзиното дно има кал, а колкава е неговата дебелина засега е непознато. Припадниците на Министерството за вонредни состојби констатираа дека во текот на ноќта димензиите не се зголемиле. Стручњаците ќе продолжат да ги следат евентуалните промени на кратерот за да ги регистрираат. Местото е обезбедено, а локалните власти планираат да ангажираат експертска организација која би ја истражила провалијата.
Пресс-служба ГУ МЧС России по Нижегородской области
Пресс-служба ГУ МЧС России по Нижегородской области