Мистериозните јами во Сибир стануваат сѐ поголеми

Скриншот од „Јутјуб“

Скриншот од „Јутјуб“

Руски научници соопштија дека мистериозните јами на Јамал, кои се појавија во 2014 година, се прошириле.

Научниците ги посетија езерата кои од испуштањето на гас се формира во јамите во близина на наоѓалиштето Бованенково. Една од јамите сега има пречник од 60 метри, а се длабоки најмалку 200 метри.

Преградата меѓу езерата исчезна, така што тие се споија, а едната јама стана значително поголема последниве три години, велат научниците. 

Сѐ уште не може со сигурност да се каже каков гас ја предизвика појавата на ваквите јами затоа што сѐ уште нема начин да се утврди тоа, но верзијата за гасот засега е единствената веројатна.

Од засега непознати причини, гасот кој се акумулирал во слоевите на вечно замрзнатото тло под голем притисок исфрли голема количина на земја. Дека дошло до „ладна“ експлозија потврдува тоа што околу настанатиот отвор се формираа мали височинки од земјата која е исфрлена на површината, а не се пронајдени траги од согорување.

На науката досега не ѝ е познато дали во светот постојат на копно „мистериозни јами“ кои предизвикаа на „Интернет“ толку бурни реакции. Руските научници претпоставуваат дека нивната појава е последица на значителна деградација на вечно замрзнатото тло (пермафрост). Слични отвори претходно се откриени на дното на арктичките мориња, но се сѐ уште практично неистражени. За таквите отвори на дното на северните мориња во науката се користи терминот „лузни“ (pockmarks).

Бидејќи на дното на северните мориња има стотици и илјадници геолошки „лузни“, тоа би можело да значи дека понатамошната деградација на вечно замрзнатото тло ќе предизвика појава на нови јами на копно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња