Колинда Грабар-Китаровиќ му подари на Путин дрес на хрватската репрезентација

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ на средбата во неделата во Кремљ му подари на рускиот претседател Владимир Путин дрес на хрватската репрезентација со бројот „9“ и презимето „Путин“.

Во фудбалските екипи под бројот „9“ обично настапуваат напаѓачи. Во хрватската репрезентација тој број му припаѓа на Андреј Крамариќ.

Грабар-Китаровиќ исто така му се заблагодари на Путин за извонредната организација на Светското фудбалско првенство од името на фудбалската фудбалска репрезентација и сите хрватски навивачи.

Хрватската претседателка како „страстен навивач“ му честиташе на Путин на фактот дека овој Мундијал стана пример за сите. Претседателката истакна дека Русија успеала „да спречи какви било непријатни инциденти“ и одлично да ги организира патувањата на навивачите меѓу градовите.

Прочитајте повеќе: Колинда на руски ги пофали Русите како домаќини на Мундијалот и ги повика да навиваат за Хрватска