Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијацији (ФИФА) Џани Инфантино објасни зошто смета дека Светското првенство во фудбал 2018 година во Русија е најдоброто во историјата.
„Едноставно: дојдоа преку милион навивачи, имавме повеќе од три милијарди телевизиски гледачи за време на целиот турнир, а се предвидува дека финалето ќе го гледаат милијарда луѓе, навивачките манифестации ги посетија три милиони гледачи, системот VAR и системот на антидопинг тестирања се покажаа добро (немаме ниеден позитивен допинг примерок)”, рече Инфантино.
Тој истакна дека, и што се однесува до спортската компонента, турнирот во Русија се издвојува во однос на претходните светски натпреварувања.
„Натпреварите беа емотивни и ефикасни, затоа што за време на турнирот само еднаш беше забележан резултат 0:0. Јас сум во фудбалот 20 години имам со што да споредувам, тоа ми е работа. Нивото на инфраструктурата (стадионите, аеродромите) е најдобро кога било на Светските првенства. Никогаш нема да заборавам како на почетокот на турнирот можевте да прошетате по Црвениот плоштад каде што се шетаа навивачи од целиот свет во прекрасна атмосфера и тоа и покрај сѐ што можевме да слушнеме“, заклучи претседателот на ФИФА.
21 Светско првенство во фудбал почна во Русија на 14 јуни. Досега се одиграни 62 натпревари. Во преостанатите два меча Белгија и Англија ќе се борат за третото место, а во финалето ќе се сретнат репрезентациите на Хрватска и Франција.
Инфантино претходно изјави дека Русија благодарение на Светското првенство 2018 година станала фудбалска земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче