Дознавме колку Руси ќе навиваат за „коцкестите“

Reuters

Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) дозна за кого ќе навиваат руските навивачи во финалето на Светското фудбалско првенство 2018.

Според податоците од анкетата на ВЦИОМ, Русите во финалето ќе навиваат за Хрватите, иако повеќе испитаници веруваат во победа на Франција.

Финалето на турнирот кој се одржува во Русија ќе го гледаат 61%  Руси. 58% испитаници ќе го гледаат натпреварот дома, 2% во кафуле или во бар, а 1% во фан-зоната и на стадион.

За хрватската репрезентација ќе навиваат 35% испитаници, а за француската - 31%. За фаворит на натпреварот, меѓутоа, сепак ги сметаат Французите.

„Според мислењето на 41% испитаници, насловот на првак ќе го освои Франција, додека 39% испитаници сметаат дека ќе победи Хрватска“, се наведува во материјалите на ВЦИОМ.

Анкетата е спроведена телефонски на 12 јули на 1600 испитаници постари од 18 година. Статистичката грешка не надминува 2,5%.

Финалниот натпревар на Мундијалот 2018 ќе се одржи денес во 17 часот на московскиот стадион „Лужники“.

Гласајте: Хрватска или Франција? Кој ќе стане светски првак во фудбал во 2018?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња