Колинда на руски ги пофали Русите како домаќини на Мундијалот и ги повика да навиваат за Хрватска

Скриншот
Претседателската на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ сними заедно со хрватските навивачи клип во кој на руски јазик ги повикува Русите да навиваат за Хрватска и ѝ се заблагодарува на Русија за организацијата на Светското првенство.

„Ве поздравувам, руски навивачи! Од името на хрватските навивачи ѝ се заблагодарувам на Русија за топлиот прием. Вие сте извонредни домаќини! Денес навивајте за Хрватска. Ајде да се радуваме заедно!“, - овие фрази на добро извежбан руски јазик ги кажа Колинда Грабар-Китаровиќ опкружена со група хрватски навивачи, по што сите заедно почуваат да навиваат „Хрватска, Хрватска...“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња