ФОТО; „Долче и Габана“ со „руска“ колекција на тема „Матрјошка“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Доколку сте сакале поради некоја причина да носите кукла „Матрјошка“ (кукли скриени една во друга, национален симбол на Русија), имаме две важни најави за вас. Првата – вашиот вкус е навистина егзотичен. Втората – тоа можете да го сторите сега!

 „Долче и Габана“ (Dolce & Gabbana), италијанската куќа за луксузна мода, претставија колекција од чевли и модни додатоци посветени на Русија. Колекцијата се вика „Матрјошка“.

Матрјошката како жена

„Женската фигура и личност се составен дел на секоја колекција направена од нашата модна куќа“, се вели во соопштението за печатот. „Доменико Долче и Стефано Габана, инспирирани од матрјошката како една од најиконските женски слики, претставуваат специјална колекција создадена исклучиво за руски бутици на D&G“.

Колекцијата вклучува две варијанти на црни чевли со потпетици од матрјошка (направени со патентна кожа и велур) и чанта во облик на срце со Соборниот храм „Св. Василиј Блажени“ и слики од куклата на неа. За да се купи такво чудо, треба да дадете цело богатство: 138000 рубли (2216 американски долари) за чевли од велур и 391000 рубли (6280 долари) за чантата. Одлично.

 

Прочитајте повеќе: Модниот бренд Topshop првпат во понудата има колекција на руски дизајнер