Фешн полис: Облечете се како руски специјалец

Во руската воена продавница на улицата „Тверска“

Во руската воена продавница на улицата „Тверска“

Извор: Рамил Ситдиков/РИА „Новости“
Униформа на руските специјални единици, први воени чизми за вашите деца, па дури и златен Ајпад мини – се само дел од руската воена опрема која ќе биде достапна во онлајн-продавницата ширум светот.

Министерството за одбрана на Русија се подготвува во Европа, во Америка и во Азија да отвори синџир продавници за облека под називот „Армија на Русија“. Првиот чекор во таа насока ќе биде прилагодување на сајтот на барањата на странските корисници, што ќе им овозможи да купуваат руска воена опрема без да излегуваат од дома.

Според тоа, за неколку месеци ќе можете да го облечете вашето дете за да изгледа како офицер на руската армија. Дали е тоа она за што сонувавте?

 

Млади „војници” во воена униформа во беж боја.

Вие и вашите деца ќе имате можност да се прошетате по улица во најмодерната униформа на припадниците на руските специјални единици кои во овој момент се борат против терористите на „Исламска држава“.

Обрнете внимание, во овие продавници нема да се продава оружје. Доколку сакате вашите деца да пробаат пукање и гаѓање во мета, ќе морате за тоа самите да се погрижите.

 

Руски војници во сирискиот град Хомс.

Со други зборови, нема да можете да ги купите новите руски автомати АК-12 или АК-15, но можете да почувствувате како е да се биде припадни на специјалните единици, барем во мирновременски услови.

Исто така можете да купите објала кои се носат во руската армија.

Објала од сајтот на онлајн-продавницата.

А, што велите на тоа да имате „воен“ златен Ајпад мини во кутија од црвено дрво?

 

Златен iPad од сајтот на онлајн-продавница во кутија од црвено дрво.

Можеби повеќе ви се допаѓа свилен шал со воени симболи? Тоа може да биде убав подарок за вашата девојка или за вашата сопруга?

Свилена марама со воена симболика од сајтот на онлајн-продавницата.

Во блиска иднина „Армијата на Русија“ ќе ја презентира својата нова колекција „есен-зима 2018“. Како што велат претставниците на овој проект, сиот понуден асортиман ќе биде побрзан со воената кампања во Сирија и со напорите што руските војници ги вложуваат во борбата против терористите на Блискиот Исток.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња