Најмодерниот пензионер во Русија: Дедо од Далечниот Исток го полни „Инстаграм“ со висока мода

Овој 72-годишен жител на Хабаровск е љубител на Версаче, а моделите на врвните модни креатори ги купува од својата пензија.

Кожена јакна Dior, шешир Moschino, очила за сонце од марката Prada... тоа не се модни парчиња кои обично се поврзуваат со пензионерите. Постарите луѓе повеќе избираат беж панталони, кафени сандали и здодевни вратоврски.

Меѓутоа, еден пензионер од Хабаровск на Далечниот Исток на Русија не дозволи годините да му го диктираат модниот вкус. Далеку од тоа. Тој одбива да се појави во јавност ако не е дотеран по последна мода. А тогаш своите фенси комбинации ги објавува на „Инстаграм профилот“, кој има сѐ повеќе следачи. На фотографиите, додуша, не се насмевнува, но тоа е во согласност со руската традиција.

Борис исто така следи сѐ што медиумите објавуваат за него и на својата страница ги поставува линковите. Се жали дека добива многу негативни коментари од интернет корисници од Русија, но и дека, за среќа, луѓе од Кина и од Запад му упатуваат многу повеќе комплименти. Некои пишуваат дека би требало да го фотографира професионалец и дека навистина изгледа како вистински руски пензионер.

Меѓутоа, модата не го привлекувала отсекогаш. Дури по 2000 година, кога пензијата му е покачена на 18000 рубли (320 долари), што се случило откако го победил ракот, почнал да купува кул гардероба.

„Ме заинтересира Версаче, затоа што е речиси исто годиште како и јас. Роден сум 1945 година, а тој година дена подоцна. Тој има толку артистичен стил сличен на барокот“, напиша Борис на својот профил.

Овој господин во поодминати години објавува голем број свои фотографии во костим за капење на реката Амур во Хабаровск и мора да се признае дека добро се држи. А тоа е, според него, благодарение на тоа што тој се занимава со јога и ги прави кинеските вежби чи гонг.

Прочитајте Како во Москва работи првата продавница за православна облека

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња