ФИФА: „Русија прекрасно го организира Светското првенство”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Директорот на одделението на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) за одржување на натпреварувања и манифестации Колин Смит изјави дека неговата организација е задоволна од тоа како се одвива Светското првенство во Русија.

„Русија одржува прекрасно светско првенство”, изјави Смит. „По групната фаза реков дека сме многу задоволни како се одвива турнирот. Не дојде до ниту еден сериозен оперативен проблем и одржавме 61 успешен натпревар. Тоа се случи благодарение на повеќе фактори: на работата на организациониот комитет и руските  региони. Сите навивачи се пречекани на најдобар начин. Последниве три и пол години редовно ја посетува Русија и бев многу задоволен од тоа со каков ентузијазам и со колкава слога земјата се подготвуваше за овој турнир“.

Светското првенство во фудбал 2018 почна на 14 јуни. Финалниот натпревар ќе се одржи на 15 јули на стадионот „Лужники” во Москва.

Прочитајте повеќе: Џани Инфантино: „Сите се вљубивме во Русија“