Првиот човек на Полскиот фудбалски сојуз Збигњев Боњек, некогашната фудбалска легенда на Јувентус и полската репрезентација, потоа тренер, изјави дека никогаш претходно на ниту едно светско првенство не наишол на толку топол прием како во Русија.
„Бев на многу светски првенства, но таква организација, таква љубезност, гостопримство, грижа и топлина никаде не видов. Големо благодарам, Русијо. Ова е феноменален шампионат во феноменална атмосфера“, напиша Боњек кој важи за еден од најдобрите источноевропските фудбалери на сите времиња на својот профил на „Твитер“, пренесуваат медиумите.
Нешто слично забележа и играчот за врска на репрезентацијата на Сенегал Алфред Ндиаје велејќи дека африканската репрезентација е пријатно изненадена од топлиот прием на кој наишла на СП во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче