Претседателот на московски „Спартак“: Русија се крева на нозе

Mike Kireev/Global Look Press

Претседателот на московски „Спартак“ Леонид Федун изјави дека Светското фудбалско првенство позитивно влијае на Русија, која е домаќин на ова натпреварување, и придонесува за нејзиниот развој.

„Што ѝ носи Светското првенство на нашата земја. А што ѝ носат на земјата театрите и кината? Преку 20 милиони наши граѓани со сето срце навиваат за нашата репрезентација и фудбалот, а фактички милион наши граѓани играат фудбал. Тој број треба да се удвои. Така нашиот фудбал и понатаму ќе се развива.

Мундијалот е огромен чекор во тој правец. Фантастично е чувството кога се интонира руската химна. Русија се крева на нозе. А сега и руската фудбалска репрезентација во текот на ова Светско првенство се крена на нозе. Се надевам дека ќе се вброи во водечките светски фудбалски сили“, изјави Федун во емисија на радиостаницата „Комсомолска правда“.

Прочитајте повеќе: Касиљас: „Светското првенство 2018 е доказ дека Русија е фудбалска земја!“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња