Ѕјуба во солзи по поразот: „Цел живот сакавме нашата земја да биде горда на нас“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот напаѓач Артјом Ѕјуба се расплака додека даваше изјава веднаш по поразот од Хрватска.

Рускиот 29-годишен напаѓач Артјом Ѕјуба пушти солза давајќи ја следнава изјава.

„Пред сѐ, сакам да им се заблагодарам на играчите од тимот, да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во тоа. Горд сум на нашиот тим, ги сакам како родени, за ова време станавме семејство.

Знаете, цел живот сакавме нашата земја да биде горда на нас, сакавме да ѝ докажеме дека фудбалот е жив. Благодарни сме ѝ на нашата земја за тие емоции. Нашите срца се скршени, но се боревме. Им благодарам на сите кои нѐ гледаа“.

Прочитајте повеќе: „Со високо кренати глави“: Фудбалерите на Русија реагираат по херојството на Светското првенство