Хрватска победи чесно, а селекцијата на Русија се покажа во најдобро светло на Светското првенство и направи целата нација да се гордее.
ReutersРепрезентацијата на Русија на 7 јули ја направи горда целата нација во четвртфиналето на Светското првенство – но Хрватската победи на пенали. Беше трогателно да се гледа домаќинот несреќен по херојската борба.
Да се каже дека играчите беа разочарани би било премалку. На пример, напаѓачот Артјом Ѕјуба не можеше да си ги задржи солзите во интервјуто по натпреварот. Но, и покрај изливот на емоции на играчите и на селекторот Станислав Черчесов, тие се држеа со достоинство.
„Сега се чувствуваме како војници по демобилизација. Но ќе бевме среќни доколку да продолжиме да служиме до 15 јули (денот на финалето), знаете“, се пошегува Черчесов на прес-конференцијата. Тој продолжи: „Начинот на кој Русија играше во текот на Светското првенство ги прави фудбалерите, навивачите и целата нација горди“.
„Пријатели! Го напуштаме турнирот со солзи во очите но со кренати глави. Ви благодариме што верувавте во нас, ви благодариме за сѐ. Вие сте најдобрите навивачи на светот“, пишува на @TeamRussia (официјалниот профил на „Твитер“ на репрезентацијата на Русија).
Друзья!
— Сборная России (@TeamRussia) 7 July 2018
Мы покидаем турнир со слезами на глазах, но с высоко поднятой головой. Спасибо вам за те искренние, неподдельные эмоции, которые вы дарили нам на протяжении Чемпионата мира. Спасибо вам за веру в нас. Спасибо вам за всё!
Вы лучшие болельщики на свете!!!#ВместеМыКомандаpic.twitter.com/DBYTzWBr04
На профилот на „Твитер“ исто така е објавена фотографија со ногата на Илја Кутепив, целата со модринки – одбранбениот играч играше со повреда на зглобот во најголемиот дел од натпреварот. „Ова уште еднаш докажува дека тимот правеше сѐ што можеше и дури и повеќе“.
Нога Ильи Кутепова - лишнее подтверждение тому, что команда делала все что могла и даже больше!
— Сборная России (@TeamRussia) 8 July 2018
Травма была получена в первом тайме, а впереди было ещё 100 минут...#ВместеМыКомандаpic.twitter.com/CRwE1eIxav
Кутлепов напиша на „Инстаграм“: „Исполнет сум со гордост за момците кои го изодеа патот рамо до рамо сѐ до крај! Горд сум на менаџерите, административниот персонал, лекарите – на сите! Ти благодарам земјо и ви благодарам навивачи за вашата поддршка! Можеме да направиме многу кога сме заедно!“.
Одбранбениот играч на Русија Сергеј Игнашевич (најстариот играч што остана на турнирот, 38 години) ја играше секоја минута од натпреварите на Русија откако доцна беше повикан во репрезентацијата. Тој реши да се повлече од фудбалот по елиминацијата на неговата репрезентација: „Тоа беше последниот меч за мене. Среќен сум што завршувам со добри спомени“, изјави тој.
Фер е да се каже дека дури и рускиот национален тим никогаш не очекуваше да стигне толку далеку, ниту пак навивачите навистина веруваа дека е можно да стигнат до четврт-финалето. Но сега, по победата над Шпанија и борбата до крај со Хрватска, перцепцијата за тимот е поинаква.
„Нашата репрезентација беше прекрасна во текот на ова Светско првенство“, вели тренерот Јуриј Семин. „Мислам дека по ова Светско првенство луѓето ќе престанат да го критикуваат тимот, како што се случи пред еден месец, а фудбалот ќе биде поддржан во нашата земја“.
Александар Головин, прогласен за трета по големина ѕвезда што доаѓа, за списанието FourFourTwo го сумираше напредокот на руската репрезентација како мошне добар: „Апсолутно сите ние дадовме сѐ што можевме за да ги постигнеме нашите цели. Тоа е главното нешто, затоа сме горди на нашиот тим“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче