Британски медиуми: Хрватите мора да имаат кошмари при самата помисла на мегданот со Ѕјуба

Reuters

Британското гласило Squawka во пресрет на средбите во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал во Русија направи ранг-листа на фудбалери кои благодарение на своето дејствување на теренот и надвор од него не можат да се пофалат со најдобра репутација.

Во тоа друштво се најдоа играчи како Луис Суарез (Уругвај), Лукас Ернандез (Франција), Нејмар (Бразил), Маруан Фелаини (Белгија), Ешли Јанг (Енглеска), Марио Манџукиќ (Хрватска), Андреас Гранквист (Шведска), како и напаѓачот на селекцијата на Русија Артјом Ѕјуба.

„Ѕјуба никако не би можел да се окарактеризира како „валкан“ играч, меѓутоа, со својата корпуленција и бавноста тој ја засрамуваше противничката одбрана, па токму така падна и Шпанија. Хрватските одбранбени играчи мора да имаат кошмари само при помислата на мегданот со Ѕјуба, покрај кого еден Жерар Пике целосно заборави на своето богато искуство и умешноста на дефанзивец“, се вели во текстот.

Натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство во фудбал во Русија во кој националниот тим на домаќинот на  шампионатот ќе се сретне со селекцијата на  Хрватска е на програмата вечерва на олимпискиот стадион „Фишт“ во Сочи.

Прочитајте повеќе: Головин: Ќе настојуваме на Хрватите да им ја наметнеме нашата игра

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња