„Разочарана сум, но беше прекрасно!“ – Како реагираа руските фанови на мечот со Хрватска

Русија загуби со 3:4 на пенали.

Русија загуби со 3:4 на пенали.

Reuters
Русија загуби од Хрватска на пенали во четвртфиналниот меч на Светското првенство во фудбал, но навивачите не го обвинуваат тимот. Тие мислат дека играчите се бореле како лавови.

„Се разбира дека сум разочарана, но беше прекрасно! Ѝ благодарам на нашата репрезентација за неверојатната игра на шампионатот!“

„Прекрасна приказна со тажен крај. Благодарам за тоа како игравте, Русијо!“

„Иако нашиот тим загуби, заслужува љубов и почит“.

„Одново солзи, но најдобри сте!“

Руската селекција имаше убави навивачи...

„Нерешено по првото полувреме на една фотографија“.

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ (лево) и премиерот на Русија Дмитриј Медведев (десно) беа задоволни од играта. Тогаш беше 1:1...

„Расположението по крајот на првото полувреме“.

Очигледно, некои што го гледаа натпреварот не можеа да останат смирени како лидерите на Хрватска и на Русија. Мечот не беше за оние со слаби нерви, и рускиот тим успеа да израмни на 2:2 во вториот дел на продолженијата.

„Нашиот најдобар руски лав“.  

Напаѓачот Артјом Ѕјуба не успеа да даде гол на овој натпревар.

„Вклучете ја вашата моќ, момци! Се надевам на вас“.

Способностите и вештините на Артјом Ѕјуба и на голманот Игор Акинфеев не беа доволни да ја обезбедат победата, но направија играта да биде таква што ќе ве остави без здив.

По натпреварот Ѕјуба не можеше да ги сокрие солзите во неговите очи...

Прочитајте повеќе: Пет причини Светското првенство во Русија да биде запаметено како едно од најдобрите досега

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња