Валон Бехрами: „Играчите на репрезентациите на Русија и Шведска се новата генерација на фудбалот“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Играчот за врска на швајцарската репрезентација Валон Бехрами по поразот од Швеѓаните (0:1) во 1/8 финалето на Светското првенство објасни зошто неговиот тим четврти пат по ред не успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот

„Кога губите секогаш сте многу разочарани. Ние четврти пат запираме во оваа фаза, но јас како маж го поднесувам ова што се случи“, ги пренесува зборовите на Бехрами репортерката на каналот „Матч ТВ“. „Сега имам нова цел во кариерата – повторно да се најдам во ваква ситуација и да ја совладам оваа бариера. Засега ми останува да ја прифатам стварноста онаква каква што е“.

„Што мислите за репрезентацијата на Русија на ова светско првенство?“

„Русите, како и Швеѓаните, упорно работат сите заедно, се борат и имаат одличен тимски дух. А ние гледаме дека таквиот карактер, таквиот однос спрема играта е многу важен доколку сакате да играте добро. Тоа е новата генерација на фудбалот“.

Репрезентацијата на Швајцарија на 3 јули загуби од Шведска во мечот од 1/8 финалето на СП 2018 во Санкт Петербург.

Прочитајте повеќе: Русија пишува историја: „Сборнаја“ во четвртфиналето на Мундијалот