Данците постигнаа гол уште во првата минута на натпреварот, кога мрежата на Субашиќ ја затресе Јоргенсен, а Хрватите возвратија веќе во четвртата минута со голот на Манџукиќ. Резултатот 1:1 остана непроменет до крајот на регуларниот тек на натпреварот и во продолженијата.
Хрватите беа подобри во изведувањето на пеналите и се пласираа во четвртфиналето, така што во сабота, 7 јули, во Сочи се среќаваат со репрезентацијата на Русија.