Министерот за спорт на Уругвај: Русија го организираше најдоброто Светско првенство во фудбал

Навивачи на Уругвај во Русија

Навивачи на Уругвај во Русија

Reuters

Фернандо Касерес, министер за спорт на Уругвај оцени дека Светското првенство во фудбал кое се одржува во 11 градови во Русија е најдобриот кога било организиран шампионат.

Како што е познато, првото Светско првенство во фудбал е одржано во Уругвај 1930 година, а спортските работници на оваа земја заедно со колегите од Аргентина и Парагвај се борат за организација на Светското првенство 2030 година на стадионите во трите држави.

„Пред 88 години кај нас е одржано првото светско првенство, а оттогаш многу нешта се сменија, вклучувајќи го и фудбалот“, рече Касерес. Како што истакна тој, Русија е политичка, економска и спортска сила, а по 88 години во неа се одигрува најдобриот шампионат во историјата.

„Задоволни сме со приемот, се запознавме со културата на Русија, земјата во која се напишани најдобрите книжевни дела на светот. Ние сакаме да го одржиме Светското првенство 2030 година, ние сме мала земја, па затоа ги повикавме Аргентина и Парагвај да ни се придружат. Немаме толку големи можности како Русија, но имаме историја и народ кој живее за фудбалот”, рече Касерес, истакнувајќи дека се надева на поддршката на Русија која дефинитивно го организираше најдоброто светско првенство во фудбал во историјата.

Наредното светско првенство во фудбал 2022 година ќе биде одржано во Катар, а 2026 во три земји – САД, Канада и Мексико.

Прочитајте повеќе: Како странските медиуми го видоа отворањето на Мундијалот во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња