Напаѓачот на репрезентацијата на Русија Артјом Ѕјуба на натпреварот против селекцијата на Египет постави два рекорда на Светското првенство во фудбал 2018, пишува порталот Спорт-Експрес.
На средбата со репрезентацијата на Египет Ѕјуба 55 пати се бореше за топката, што претставува најдобар показател на сите досега одиграни натпревари на 12 стадиони во 11 руски градови на Мундијалот 2018. На второто место се најде напаѓачот на репрезентацијата на Колумбија Радамел Фалкао (32). Освен тоа, Артјом Ѕјуба во 23 од 55 такви ситуации излезе како победник, што исто така претставува рекорден резултат на турнирот. Според овој показател зад рускиот фудбалер се наоѓа дефанзивецот на репрезентацијата на Уругвај Диег Годин (19).
По победата на Русија над Египет во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски” со резултат 3:1 славниот руски биатлонец Антон Шипулин го нарече Ѕјуба крал.
Прочитајте повеќе: „Цел живот сонувавме за тоа“: Ѕјуба ја коментира победата над Египет