Рускиот репрезентативец Денис Черишев постигнува погодок во мечот против Саудиска Арабија на отворањето на Светското фудбалско првенство на 14 јуни 2018 година во Москва
Xu Zijian / ZUMA Press//Global Look PressСо натпреварот помеѓу репрезентацијата на Русија и Саудиска Арабија на преполниот московски стадион Лужники на 14 јуни е отворено Светското фудбалско првенство 2018 чиј домаќин е Руската Федерација.
Руските репрезентативци поведоа веќе во 12 минута со голот на Јуриј Газински во напад кој беше продолжен по изведен корнер.
Вториот пат мрежата на саудискиот голман ја затресе Денис Черишев во 43 минута по комбинацијата на Головин и Зобнин. Черишев влезе на теренот во 24 мунута наместо повредениот Ѕагојев.
Во второто полувреме селекторот Черчесов во 70 минута го внесе Артјом Ѕјуба наместо неупадливиот Смолов. Веќе во 71 минута Ѕјуба постигна гол. Головин изведе аут и го пронајде Зобнин, а тој пак Ѕјуба кој со главата ја испрати топката во мрежа.
Во 90 минута четвртиот погодок за репрезентацијата на Русија го постигна Черишев и така стана двократен стрелец. Му асистираше Ѕјуба.
Во последните секунди од мечот најдобриот играч на натпреварот Александар Головин ја „запечати“ противничката мрежа од слободен удар.
Ова е првиот меч во групата А, каде покрај Русија и Саудиска Арабија се наоѓаат и репрезентациите на Египет и на Уругвај. Следниот натпревар Русија го игра против Египет во вторник на 19 јуни во Санкт Петербург.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат одржани мечовите Египет – Уругвај, Мароко – Иран и Португалија – Шпанија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче