„Во секој Русин се крие мал цар“: Што пишува странскиот печат за руската репрезентација

Chen Yichen/Xinhua/Global Look Press

„Кога почнуваше Светското првенство во фудбал Денис Черишев не беше дури ниту во првата постава, а сега го дели со Роналдо првото место како најдобар стрелец на турнирот. Русија веќе помина во плеј-офот. По првите два натпревара тешко е да се поверува дека руската репрезентација изгледаше жално на подготовките за турнирот. Саудиска Арабија и Египет не се најтешките противници, но притисокот прави чуда. Домаќините ги надмина сите очекувања. Во првите два меча Русија даде исто толку голови колку и Шпанија во текот на целиот турнир 2010 кога стана шампион на светот. И Русите играат одличен фудбал! Не е важно кој е противникот. Екипата која дава 8 гола на два натпревара не може да игра лошо“, пишува англискиот „Дејли Меил“.

„Русија го почна Мундијалот со многу проблеми. Никој не ни помислуваше да каже дека репрезентацијата е еден од фаворитите на турнирот. Но двете победи ја натераа целата земја да мечтае. На Русија ѝ требаа 15 минути да ги остави Египќаните без надеж. Сѐ почна со автогол и уследија 10 минути класичен руски балет. Кулминација беше голот на Черишев, кој го следи во чекор засега главниот стрелец на првенството Кристијано Роналдо. Русија цело време покажуваше тимска игра, беше побрза, ризикуваше и имаше поголем број на фудбалери кои остваруваат шанси за гол. Првин Черишев, па Головин, па неуморниот Ѕјуба, кој даде многу убав гол“, пишува шпанска „Марка“.

„Не можеме да кажеме дека во првото полувреме гледавме интересен фудбал. Имаше многу додавања и малку неизнудени грешки. Затоа второто полувреме помина весело со три гола, а тоа нѐ тера да се замислиме каква е всушност таа руска репрезентација? Вториот гол падна по одлична комбинација. Најдобри играчи се повторно Черишев и Ѕјуба кој првиот натпревар го почнаа на клупата на резервни играчи. Да, Русија не игра мајсторски фудбал, иако понекогаш е интересно да ја гледаш. Но Русите секој пат излегуваат  на теренот со повеќе самодоверба“, пишува португалски „Експресо“ во статијата под наслов „Во секој Русин се крие мал цар“.

Прочитајте повеќе: Нокаут за 15 минути: Русија го победи Египет и оди понатаму

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња