Припадник на руската полиција во Ростов на Дон жонглираше со топка 40 пати и доби огромен аплауз од странските навивачи. За тоа посведочи видеоснимката што денеска се појави на социјалните мрежи.
Необичниот мастер клас овој руски чувар на редот и мирот го одржа на кејот на левиот брег на Дон. Како што се наведува, „уругвајските навивачи воодушевено ја следеа акцијата, одбројувајќи го секој допир и на крајот полицаецот беше награден со овации за мајсторското жонглирање со топката“. На стадионот „Ростов Арена“ за утре е закажан натпреварот од групната фаза на Светското првенство во фудбал во кој силите ќе си ги одмерат репрезентациите на Уругвај и Саудиска Арабија.