Од големата радост на Швеѓаните во Нижни Новгород не остана ни капка пиво!

Matteo Ciambelli/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Репрезентацијата на Шведска ја победи Јужна Кореја во првото коло од групната фаза на СП во фудбал, а шведските навивачи ги испија сите залихи на пиво во Нижни Новгрод!  

Како што вели претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шведска, поради големата побарувачка во некои продавници во центарот на рускиот град-домаќин на Мундијалот пиво снемало ден пред натпреварот.  

„Во Нижни Новгород не остана ниту капка пиво. Тоа е доказ колку е славеничка атмосферата“, изјави еден навивач на Шведска.

Натпреварот Шведска – Јужна Кореја на 18 јуни од трибините на стадионот „Нижни Новгород“ го гледаа 42300 луѓе. Во тој руски град според официјалните информации допатуваа околу 7 илјади скандинавски навивачи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња