IngueSuMatrushka
Фернандо, Матје, Хавиер и двајца Даниели се најдобри другари. Заедно патуваа во Бразил на Светското првенство во фудбал 2014, а потоа ветија дека заедно ќе патуваат и во Русија 2018 година. Така и беше! Единствено што место вистинскиот Хавиер допатува неговата слика на картон.
IngueSuMatrushka
Мексиканците специјално за патувањето во Русија купија стар школски автобус, го опремија со кревети, телевизор, го исцртаа и го обоија.
IngueSuMatrushka
Сѐ одеше според планот додека во последен момент сопругата на Хавиер не му забрани да отпатува на Мундијалот. Затоа пријателите ја залепија неговата слика во природна големина на картон, го „облека“ во маичка со натпис „жена ми не ми дозволува“ и тргнаа на пат.
IngueSuMatrushka
Мексиканците го префрлија автобусот преку океанот, а потоа посетија половина Европа: Берлин, Прага, Будимпешта, Рига, Краков, Санкт Петербург и стигнаа до Москва. И насекаде со нив беше картонскиот Хавиер кој им стана омилен лик на навивачките од целата планета.
IngueSuMatrushka
IngueSuMatrushka
IngueSuMatrushka
IngueSuMatrushka
IngueSuMatrushka
IngueSuMatrushka
IngueSuMatrushka