Навивачи на Мексико ја слават победата на московските улици
ReutersМосковското метро им ја честиташе на навивачите на Мексико на шпански победата над актуелните прваци на светот, репрезентацијата на Германија.
„По повод победата на репрезентацијата на Мексико им честитаме на навивачите на шпански и укажуваме, исто така, на шпански, како да се движат од станицата на Московскиот централен прстен Лужники“, се вели во соопштението на подземната железница на рускиот главен град објавено на социјалната мрежа „Твитер“.
В честь победы сборной Мексики мы поздравляем болельщиков с победой на испанском языке и также на испанском подсказываем, как доехать со станции #МЦК Лужники.
— Мосметро (@MoscowMetro) 17 June 2018
Честитката се појави не само на официјалната страница на московското метро на „Твитер“, туку се слушна и на станиците на железницата.
Натпреварот на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Русија, меѓу репрезентациите на Мексико и Германија се одигра вчера на московскиот стадион „Лужники“. Актуелните прваци на светот, селекцијата на Германија, загуби од Мексико со резултат 0:1.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче