Како странските медиуми го видоа отворањето на Мундијалот во Русија

Kremlin Pool/Global Look Press
Странските медиуми во осврт на отворањето на Светското првенство во фудбал во Русија главно пишуваат за славеничка атмосфера и добра организација на 21 планетарен шампионат.

Американската телевизиска станица Си-Ен-Ес првиот натпревар од турнирот во кој репрезентацијата на Русија ја победи Саудиска Арабија со резултат 5-0 го нарече „фантастичен почеток“, пренесуваат медиумите.

Голот беше токму онаков старт каков што им беше потребен на Русите за да ја покренат масата и стадионот Лужники сега триумфира. Тоа беше начин да се запалат трибините во првиот натпревар на турнирот каков што може да се посака, вели коментаторот на американската телевизија.

На денот на отворањето на Светското првенство во фудбал беше забележливо како тој ги обединува луѓето, пишува известувачот на британската телевизиска станица „Скај њуз“, истакнувајќи како почетокот на Мундијалот со полна пареа го прославија навивачите од Перу, чија репрезентација на шампионатот повторно учествува по цели 36 години.

Кога Перуанците започнаа да си заминуваат им се придружија навивачите од Костарика, Аргентина, Бразил и Мексико во облека со живи бои. Дури и недопирливата руска полиција уживаше во овој неверојатен спортски карневал, пишува тој.

Новинарот на турскиот весник „Милијет“ кој известуваше и од претходниот мундијал во Бразил истакна дека шампионатот во Русија е подобро организиран, имајќи го предвид превосходниот квалитет на стадионите и на превозот.

Љубителите на фудбалот во Русија можат полесно да стасаат до стадионите. Користењето автомобили не е императив зашто и со метро може да се стаса токму пред портите на стадионот, пишува тој.

Русите долго го чекаа шампионатот и сега даваат безрезервна поддршка, заклучува турскиот новинар.

Репрезентацијата на Русија која по свечената церемонија на отворањето на Светското првенство во фудбал на московскиот стадион Лужники го одигра првиот натпревар на Мундијалот ги собори ривалите од Саудиска Арабија со резултат 5-0.

По овој меч претседателот на Русија Владимир Путин го прегрна принцот-престолонаследик на Саудиска Арабија кој беше сведок на поразот на својата репрезентација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња