Колумнистот на португалскиот весник „Рекорд“ (Record) кој известува од Мундијалот во Русија ги изнесе своите впечатоци за Русите, пренесуваат руските медиуми.
„Подгответе се, нема да поверувате во она што ќе ви го кажам за своето искуство од престојот во Русија и комуникацијата со Русите“, пишува колумнистот на португалски „Рекорд“. „Се покажа дека сите тие се, без разлика, гостољубиви и љубезни. Од американските филмови научивме дека сите Руси се негативци. Кога би постоел суд за оние кои многу измислуваат, Русија би имала доволно материјал против сите нив да поднесе тужба за нарушување на угледот. Се разбира дека постојат никаквеци. Но не се работи за тоа. Кога и да побарав на улица некаква информација секогаш ја добивав без какви било проблеми“.
„Насмевките од ситуација во ситуација го кршеа мразот што се испречи меѓу моите предрасуди и вистинските вредности на тој народ. И уште нешто за жените... Тие се ненормално убави. И не се вонземјани. Во Сочи такви девојки има неверојатно многу. Ми се чини дека односот на локалните мажи го направи спротивниот ефект, односно чувството смарагдот да се доживува себеси како месинг“, запиша колумнистот на португалскиот весник „Рекорд“.