Русинки.
Shutteckstock / Legion MediaВо Русија постои поговорка која, според „Ла Кроа“, совршено ја одразува комплексноста на односите помеѓу мажот и жената: „Човекот е главата, а жената е вратот“. А главата се движи само благодарение на вратот, кој управува со неа, додава една од женските хероини на книгата на француската новинарка Морен Демидоф „Главата и вратот: историја на жените на Русија“.
Хероините на книгата, се чини, проживеале неколку животи под различни режими. Сите зборуваат за нивниот секојдневен живот, љубовта кон татковината и силните мажи „како Путин“. Тоа се дефинитивно жени со карактер. Веднаш станува јасно дека тие го заземаат централното место во руското општество.
Според една московски психоаналитичар, жените во Русија сонуваат за вистинскиот маж „обдарен со апсолутна моќ“. Како што истакнува француското издание, тие насекаде ја покажуваат својата женственост и сметаат дека е природно да се остане дома и да се грижат за децата додека сопругот се грижи за финансиските приходи на семејството.
Сепак, жените, исто така, признаваат дека „токму тие одлучуваат за сè“. Жените можат да го избркаат својот маж од дома или, на пример, „да му свртат грб“. Жените продолжуваат да студираат, основаат компании, поднесуваат барања за развод, ги штитат своите деца. Со еден збор, жените покажуваат сила и моќ.
Жените, и покрај финансиската зависност, ја задржуваат во своите раце целосната контрола. Ова се однесува како на трошоците, така и на воспитувањето на децата, пишува „Ла Кроа“.
„Ние им наредуваме на оние кого треба да го цениме: оние, кои ни се мили, кои ни помагаат во домашните работи и кои се занимаваат со децата“, вели една од хероините на книгата. „Ние не знаеме што сакаме. И затоа по навика велиме дека секогаш сме несреќни. И тоа нѐ смее“, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче