Путин во Пекинг пречекан со мелодијата на познатата руска песна „Катјуша“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин пристигна во официјална посета на Пекинг, а на плоштадот пред Народното собрание го пречека кинескиот претседател Си Ѓинпин. Потоа оркестарот на Народноослободителната армија на Кина ги изведе химните на Русија и Кина и мелодијата на познатата ширум светот руска песна „Катјуша“.

Разговорот меѓу Владимир Путин и Си Ѓинпин е одржан зад затворени врати. По преговорите во Пекинг рускиот претседател ќе учествува во самитот на Шангајската организација за соработка од 9-10 јуни во Чингдао.

Прочитајте повеќе: Путин откри со кого пиел вотка за роденден