E-3A Sentry
WikipediaНајмалку четири летала на НАТО во текот на денешниов ден изведуваа интензивна извидувачка операција во близина на западните граници на Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“.
Беспилотен извидувачки апарат за стратешка намена RQ-4B Global Hawk (ев.број 10-20143) полета од воздухопловната база Сигонела на Сицилија и практично цел ден изведува изведуваше операција за извидување на западните граници на Руската Федерација. Во првата фаза тој го набљудуваше граничниот појас на Калининградската област, а потоа се упати кон границата која гравитира кон Псковската и Ленинградската област. Целото време тој беше во воздушниот простор на Литванија, Летонија и Естонија. На враќање, повторно се движеше по должината на границата со Калининградската област, го смени својот курс на југ и одлета во правец на Балканот.
Истовремено, на југозападниот дел на Калиниградската област, во воздушниот простор на Полска, се наоѓаа два летечки радари E-3A Sentry AWACS. Во вечерните часови во полскиот воздушен простор се појави и извидувачки авион за стратешка намена RC-135V (ев.број 64-14844) кој полета од авиобазата Милденхул во Велика Британија. Тој во близина на руско-полската граница се задржа околу 2 часа, направи полн круг и се врати назад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче