Западните медиуми го споредија бројот на американските и руските воени бази во светот

Слободан Ѓукиќ
Американците се и понатаму супериорни во бројот на воени бази во однос на руската армија. Русите се посупериорни кога е во прашање „економијата на сила“, каде со минимално вложени средства се остваруваат поволни ефекти на терен.

Воените објекти на американската војска кои се наоѓаат надвор од територијата на САД, во вкупен збир за неколку десетици пати го надминуваат бројот на слични објекти кои во овој момент ги има руската армија. До создавањето на ваквата супериорна разлика во однос на руската армија најмногу влијаеше колапсот на СССР и „Варшавскиот договор“, каде земјите кои претходно беа во воен сојуз со Москва денес се со Вашингтон. Можеби и најдобар пример за тоа е Полска, која беспоговорно ја даде својата територија за речиси неограничена изградба на воени бази и останати објекти во кои се наоѓаат американски војници и нивната најсовремена борбена техника. Треба да се напомене и тоа дека Русија, поради недостиг од финансиски средства, затвори некои свои бази за да заштеди пари. Меѓутоа, во последно време оваа ситуација значително се поправа кога е во прашање Москва, заклучува весникот „Њузвик“.

Денес Русија располага со вкупно 21 воен објект кои се наоѓаат надвор од нејзината територија, пишува „Њузвик“ кој се повикува на извори на рускиот портал „Известија“. Во рамките на овие воени објекти или бази се наоѓаат механизирани пешадиски единици со јачина на дивизија (руските воени бази во Ерменија и Таџикистан), потоа специјализираните радарско-набљудувачки воени бази на просторот на Белорусија и Казахстан и полигонот за ракетни испитувања кој исто така се наоѓа во оваа држава. Тука се и уште три воздухопловни воени бази кои се наоѓаат во Киргизија, Ерменија и Сирија, како и двете воено-поморски бази во Виетнам и Сирија.

Од друга страна, САД имаат меѓу 600-900 воени објекти ширум светот (податокот за 2009 година зборува за вкупно 716 воени објекти). Од тој број 13 објекти според своите димензии се класифицирани како „големи“, 19 како „средни“, додека останатиот број опфаќа многубројни помали воени објекти како што се, на пример, магацини за материјално-техничко обезбедување. Во оваа последна категорија се вброени преку 600 објекти. Меѓутоа, според пишувањето на американскиот весник оваа класификација не е многу сигурна затоа што и меѓу овие „мали“ воени објекти има такви кои можат да се опишат како „големи“. Најдобриот пример за тоа е воздухопловната база „Колман“ која се наоѓа во близина на градот Манхајм на југозападот на Германија, а која не е категоризирана ни како „голем“ или „среден“ воен објект, иако во неа се наоѓаат преку 1000 американски војници и голем број на складови со вооружување и воена техника. На истиот начин е категоризирана и американската воздухопловна база Футенма која се наоѓа во Јапонија, а во која има повеќе од 3000 американски маринци. Вистина, има и такви примери каде како воен објект е класифициран и обичен поморски предавател кој се наоѓа во рибарското гратче лази Грондавик на Исланд, а кој го опслужува персонал кој може да се изброи со прстите на една рака.

„САД и понатаму ја имаат најмоќната армија на светот. Меѓутоа, тоа не значи дека Русија не може да оствари силно влијание во одделни делови на светот. Кога е Русија во прашање, особено е интересен нивниот пристап со што помалку вложени материјални средства да остварат поволни ефекти на терен. Најдобар пример за тоа е Сирија. Стана многу сериозни кога е во прашање економијата на силата“, изјави Евелин Фаркас, поранешен помошник на заменик-министерот за одбрана на САД која е специјализирана за просторите на Русија, Украина и Евроазија.

Прочитајте повеќе: Зошто Русија војува во Сирија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња