Транспортно-лансирна единица С-400 „Триумф“
Виталиј В. КузминПред уништувањето на бројни цели на условниот непријател, батериите на ракетните системи ги зазедоа своите огнени позиции во согласност со такатичките правила за нивно распоредување. „Покрај тоа, уредивме и голем број лажни позиции, на кои поставивме пневматски макети на надувување кои имитираат транспортно-лансирни возила С-400“, истакна началникот на информативната служба на Јужниот воен округ, полковник Астафејев.
Покрај дејство против цели во воздух, ангажирани се и ракетните системи „брег-море“ „Бал“ и „Бастион“ кои нападнаа цели на отворено море, како и ескадрили на ловечко-бомбардерската авијација Су-30СМ и Су-34 вооружени со противбродски ракети.
Заедничката воена вежба на единиците на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана со делови на Црноморската флота, како и копнените единици на Јужниот воен округ, се одржува под команда на командантот на ЈВО генерал-полковник Александар Дворников. Во вежбата се ангажирани повеќе од 6000 војници, со околу 100 авиони и хеликоптери.
Сценариото на вежбата предвидуваше единиците на Црноморската флота да имитираат обид за изведување на непријателски десант на рускиот брег со масовна употреба на крстосувачки ракети кои во тој случај би биле лансирани врз цивилни и воени објекти во длабочината на фронтот. Одбранбената улога во разбивањето на овој напад ја презедоа воздухопловните единици на ЈВО во координација со ракетните системи за ПВО. Многу елементи во сценариото беа првпат видени на една воена вежба.
Како што притоа истакна генерал Дворников, воздухопловните единици мораа истовремено да ги решат сите задачи на повеќе одвоени правци, како што се Ставрополскиот и Краснодарскиот крај, Ростовската област и Крим.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче