Ве умори мајската жега? Фотографиите од Русија снимени деновиве ќе ве освежат

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Временските прилики во бројните климатски зони на Русија се непредвидливи. Но, едно е сигурно: снегот во мај е обична појава.

Пушкин во „Евгениј Онегин“ го нарече северното лето „карикатура на јужните зими“. Тогаш што да се каже за руската пролет? Еден ден пече сонце, а веќе наредниот паѓа снег...

Да фрлиме поглед на некои руски региони во кои овој мај ненадејно се врати зимата.  

Сургут, Ханти-Мансијски автономен округ

Овој француски булдог како да го моли газдата да се вратат дома. Како да сака да каже: „Нѐ затекна токму оваа преубава пролет“.

„Најдобрите фотографии што сум ги снимил во МАЈ!“

„Пролетта во Сургут е фантастична! Кому уште му треба сонце?!“

Об го исфрла својот мраз на шеталиштето. Речното корито овде е пошироко од еден километар. 

Тинда, Амурска област

„А многумина овде веќе ги симнаа зимските гуми и ставија летни“.

 „Добро утро, Тинда“

„Беше 12 мај...“

Краснојарск

Снегот се топеше штом ќе паднеше на земјата, пренесуваат локалните медиуми. Но од метеоролошкиот центар велат дека за овој регион снегот е сосем нормална појава до почетокот на јуни.

Норилск, Краснојарски крај

„Норилск, 17 мај. Немам зборови...“

„Детски мајски забави“

 И уште малку од пролетта:

Да се потсетиме на крај како изгледаше мај во Москва минатата, 2017 година:

Прочитајте повеќе: Како да се преживее руската зима (без да ти паднат ушите)