Вршителот на должноста главен тренер на руската хокеарска репрезентација Илја Воробјов изјави дека на Кошечкин му е тешко да стигне до мразот и затоа го тркалаат, а соблекувалната е предалеку од арената во Копенхаген.
„Нашата соблекувална е предалеку од арената, а организаторите одбија да ни ослободат пократок пат. Велат дека мразот ќе се стопи ако го отворат. А Василиј без опремата е тежок 110 кг. Тешко му е, па решивме да го возиме. Првпат во животот гледам такво нешто“, вели тренерот.
„Зар не видовте како Канаѓаните го превезуваат својот голман“, прашува помошниот тренер на рускиот стручен штаб Алексеј Кудашов. „Дали знаете колку ни треба да стигнеме до арената? Одиме три и пол минути. А паузата ни е само 15 минути. Се снаоѓаме како знаеме и умееме“.
И покрај добрите одбрани на Василиј Кошечкин, репрезентацијата на Русија на 15 мај загуби од Шведска со резултат 1:3. Но, екипата се пласираше во четвртфиналето и денес, 17 мај, игра против репрезентацијата на Канада.