Падобранци во текот на Парадата на Победата во Москва, 2017 година.
Free Wind 2014/ShutterstockВо рамките на студијата што ја изработи аналитиката која се наоѓа во рамките на НАТО, констатирано е значително зајакнување на руската армија од завршувањето на Студената војна.
Еден од основните заклучоци на оваа студија е податокот дека руската армија почнала нагло да се унапредува по завршувањето на конфликтот во Грузија¹, поточно од 2009 година.
Според мислењето на овој специјалист-аналитичар, Русија е во моментов единствената земја во Европа која може преку ноќ да придвижи армија од 60000 војници и да изведе многу комплексни вежби без каква било претходна подготовка.
Во студијата особено се истакнува позитивниот трансфер на воено искуство кое е реализирано со учество на различните видови и родови на руската армија во текот на конфликтот во Сирија.
¹Војната во Грузија се водеше во август 2008 година меѓу Грузија од една и Русија и грузиските самопрогласени републики Јужна Осетија и Абхазија од друга страна. Повод за војната беше агресијата на грузиската војска врз Јужна Осетија со цел заземање на градот Цхинвали. Котистејќи го целокупниот арсенал на оружје што го имаше на располагање, грузиската армија го нападна и мировниот контингент составен од руски војници кои таму го обезбедуваа мировниот процес. Тоа предизвика реакција на руската војска која интервенираше со цел заштита на своите сили и спасување на цивилното население на Јужна Осетија од масовен егзодус.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче