Ловечки авион од 5 генерација F-22 и руски стратешки бомбардер Т-95
Слободан ЃукиќКако што појасни генералот, оваа група авиони ја следеле ловци-пресретнувачи МиГ-31 и повеќенаменски борбени авиони Су-35. Некаде околу 17 часот групата одработила и процес на дополна на гориво во воздух.
На еден дел од летот, на оваа група авиони ѝ се придружиле и два американски ловци од петта генерација F-22 „Раптор“, кои се приближиле на растојание од 100 метри. Тие заедно со руската воздухопловна група летале одредено време, потоа се одвоиле и заминале во правецот од кој и дошле. Според американски извори, причина за оваа ненадејна посета е влегувањето на групата руски авиони во тнр. Зона на идентификација на воздушната одбрана, која се протега на околу 320 километри од западниот брег на Алјаска.
Според зборовите на претставникот на руското Министерство за одбрана, екипажите на стратешките ракетоносци во целост ги извршиле сите задачи кои се однесуваат на изведување на стандардно воздушно патролирање.
„Пилотите на стратешката и поморската авијација регуларно ги вршеа своите стандардни задачи над неутралните води на Арктикот, Атлантикот, Црното море и Тихиот океан. Сите овие летови беа во склад со меѓународните правила и ниеден наш авион не го наруши воздушниот простор на други земји“, истакна Конашенков.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче