Руска ракетна фрегата му се приближи на американскиот носач на авиони „Хари Труман“

Слободан Ѓукиќ
Руската ракетна фрегата „Јарослав Мудри“ му се доближи на американскиот брод толку близу што се гледа од неговата палуба. Се работи за фрегата од класата 11540 „Јастреб“ која е специјализирана за борба против непријателски подморници, но и површински бродови. Се одликува со респектабилно ударно ракетно вооружување кое се состои од 8 противбродски ракети 3М24 Х-35 „Уран“ (НАТО код.- AS-20 „Kayak“).

Британската ТВ-компанија ITV објави информација дека руската ракетна фрегата „Јарослав Мудри“ го следи американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Хари Труман“, кој во моментов се наоѓа со својата група во источниот дел на Средоземното море.

Главниот аргумент за оваа вест беше фотографијата направена од палубата на американскиот носач на авиони, каде во далечина јасно се оцртуваат контурите на руската ракетна фрегата „Јарослав Мудри“. За волја на вистината, британските медиуми напоменуваат дека командата на борбената група „Труман“ одржува постојана радиоврска со рускиот брод.

Борбената група на бродови предводена од американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Хари Труман“ вплови во водите на Средоземното море кон крајот на минатиот месец. Според зборовите на бројни воени експерти, нејзината основна функција во овој дел на светот е обид за враќање на стратешкиот баланс на силите кога се работи за воениот судир во Сирија. Овој судир, кој трае веќе цели седум години, во последно време (особено од моментот на директното воено ангажирање на руските воени ефективи) се одвива мошне неповолно, доколку се гледа од аспект на западните сили, првенствено на САД. Инаку, поморската борбена група „Труман“ пред извесно време почна со свои борбени дејствија исклучително против формациите на тнр. „Исламска држава“ кои се наоѓаат на крајниот исток на Сирија.

Прочитајте повеќе: Блиска средба на група руски авиони и американски F-22 „Раптор“ во близина на Алјаска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња