Суперхероите на „Ди Си“ и „Марвел“ играат фудбал во Москва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Графитите се во чест на претстојното Светско првенство во фудбал 2018.

Огромен графит со ликови од стрипови како играат фудбал се појави на надворешниот ѕид на една зграда во Москва. Џиновски Жената-Чудо (Wonder Woman), Железниот човек (Iron Man), Капетанот Америка (Captain America) и Човекот-пајак (Spider Man) како да се подготвуваат да шутираат, насликани од еден од главните улични уметници во главниот град, Рон Мартин.

Уметничкото дело е направено по повод претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули. Уште повпечатливи графити се очекуваат да ја разведрат Москва следниот месец.

Прочитајте повеќе: Во Москва отворен центар за сместување на фудбалски навивачи на Светското првенство 2018 година

Сите фотографии се преземени од официјалниот сајт на градоначалникот на Москва.