Во Московската област за СП-2018 ќе транзитираат возови со шанкови

Брзиот електричен воз „Ласточка“.

Брзиот електричен воз „Ласточка“.

Максим Блинов/РИА „Новости“
Дел од приградските електрични возови во Московската област ќе бидат опремени со шанкови до почетокот на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи летото 2018 година во Русија, соопшти министерката за култура на регионот Оксана Косарева.

„До јуни наредната година планираме да пуштиме брендирани електрични возови, посветени на Светското првенство во фудбал. Се планира да бидат брендирани однадвор, затоа што треба да бидат препознатливи по темата СП-2018“, рече Косарева на прес-конференција во четвртокот, додавајќи дека таквите возови ќе започне да транзитираат во регионот во јуни следната година.

Според неа, Централната приградска патничка компанија разгледува опција за вградување на шанкови во брендираните вагони. Покрај тоа, тие ќе бидат опремени со удобни фотелји и аудио водичи на два јазика.

Проектот ќе се реализира како јавно-приватно партнерство без вклучување на буџетски средства, прецизираше министерката, пренесува „Интерфакс“.

Светското фудбалско првенство 2018 ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 градови на Русија: Москва, Санкт Петербург, Казањ, Сочи, Екатеринбург, Нижни Новгород, Самара, Калининград, Ростов на Дон, Волгоград и Саранск.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња