Во Москва отворен центар за сместување на фудбалски навивачи на Светското првенство 2018 година

Алексеј Дружинин/TASS
Туристите можат да ја користат услугата за да најдат соодветни места за сместување за време на првенството.

Организаторите на центарот за сместување на Светското првенство 2018 по телефон ќе им помогнат на навивачите и туристите од различни земји да најдат места за сместување за време на шампионатот, се вели на веб-страницата на Градското собрание на Москва.

Преку овој сместувачки центар луѓето кои доаѓаат во Москва ќе најдат информации за достапноста на хотелските соби и ќе можат да изберат соодветно сместување.

Операторите на центарот зборуваат пет јазици: руски, англиски, француски, кинески и германски.

Центарот користи посебна информативна база со повеќе од 6000 хотелски соби во Москва. Наскоро и хотелите од московскиот регион ќе бидат дел од системот. Центарот може да се контактира преку телефонскиот број +7 (800) 350-51-12.

Прочитајте повеќе: Москва ги чека навивачите: Користењето на метрото за време на Мундијалот ќе биде многу едноставно

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња