Москва ги чека навивачите: Користењето на метрото за време на Мундијалот ќе биде многу едноставно

Кирил Зиков/Moskva Agency
400 благајници ќе им бидат на располагање на фудбалските навивачи за да им помогнат да се снајдат во метрото на рускиот главен град.

Странските фудбалски навивачи сега можат да здивнат, затоа што користењето на московското метро за време на Светското првенство во фудбал ќе биде многу едноставно. Така впрочем вели теоријата. Стотици благајни ќе имаат персонал кој зборува англиски и кој ќе носи огромни стикери со натписот: „Ние зборуваме англиски!“  Вработените во метрото ќе им бидат на располагање на гостите на главниот град за да им покажат кои билети за метрото треба да ги купат, како да ги дополнат картичките „Тројка“, но и да им одговорат на сите недоумици. Во моментов околу 340 членови на персоналот кои зборуваат англиски работат на 76 метро станици. А додека да почне Светското првенство нивниот број ќе достигне 400.

Единаесет руски градови ќе бидат домаќини на натпреварите на Светското првенство од 15 јуни до 15 јули.

Погледнете го нашиот градски водич и искористете го максимално патувањето во Русија на СП во фудбал 2018

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња