Припадниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) успеаја да откријат навистина несекојдневна количина на оружје и муниција кои се наоѓаа во незаконска сопственост.
Арсеналот со оружје е пронајден во населеното место Стројкерамика. Како што пренесува интернет порталот Волга Новости, припадниците на ФСБ во еден хангар што се наоѓа во улицата „Степа“ откриле 52 „долги “ цевки, 35700 куршуми од различен калибар, дури четири оклопни борбени транспортери, теренско возило УАЗ, како и прецизни машини кои се користат за пренамена на оружје.
Според првичните информации, комплетното вооружување му припаѓало на еден локален мафијашки клан предводен од Сергеј Марченко, чие име е познато уште од 90-те години на минатиот век. Неговата криминална група е одговорна за криумчарење и препродажба на оружје, како и за кражба на луксузни моторни возила.