Претседателот Путин ја пофали ФСБ за успешно завршена контраразузнавачка операција

Flickr.com/Jedimentat44
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ѝ оддаде признание на Федералната служба за безбедност за ефективната контраразузнавачка операција за прикривање на развојот на новите видови вооружување кои, за жал но и запрепастување на потенцијалните непријатели, ќе го красат арсеналот на руската армија.

„Сакам да ви оддадам посебно признание за тоа што со оперативните контраразузнавачки дејствија и мерки ефикасно го прикривте развојот на нашите амбициозни проекти од сферата на одбраната и безбедноста. Сакам во оваа пригода да ви се заблагодарам вам, но и на останатите субјекти кои учествуваа во овој голем проект“, рече Путин на колегиумот на ФСБ при разговорот на темата поврзана со новите видови вооружување кои ќе го красат арсеналот на руската армија.

На 1 март 2018 година Владимир Владимирович Путин одржа исклучително важен говор пред пратениците на Федералното собрание, каде ги претстави најновите типови руско стратешко вооружување кои одат пред своето време и од кои практично нема одбрана. Притоа тој истакна дека значителниот технолошки напредок во овладувањето на новата генерација ракети за стратешка намена не треба никого да загрижува. Тоа е првенствено наменето за одбрана на Русија и од денес тоа постепено ќе влегува во оперативниот состав на руската армија. Рускиот претседател притоа соопшти дека во состав на стратешките нуклеарни сили влегле околу 80 нови интерконтинентални балистички ракети, 102 интерконтинентални  балистички ракети со поводно базирање и три атомски подморници за стратешка намена од класата „Бореј“.

Прочитајте повеќе за руското супероружје од кое нема одбрана: Со што го шокираше Путин светот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња