Шкаплеров, еден од космонаутите кои во моментов се наоѓаат на МВС, објави на „Инстаграм“ неколку фотографии од Кримскиот полуостров и Кримскиот мост во изградба кој со патната делница веќе ги спои Крим и Краснодарскиот крај.

Anton_Astrey/twitter.com / Global Look Press
„Ќе продолжам да ја следам од вселената изградбата на мостот која, инаку, ги надмина плановите. Мостот веќе во мај ќе биде отворен за сообраќај на патнички автомобили и автобуси, токму за почетокот на сезоната“, напиша тој.

Anton_Astrey/twitter.com / Global Look Press
Градителите на Кримскиот мост се потрудија да ја завршат друмската делница на мостот пред почетокот на туристичката сезона со што ќе ја поттикнат посетеноста на полуостровот. Крајот на работите на железничкиот мост и првите возови се очекуваат кон крајот на следната година, како што е предвидено според планот, додека по друмската делница првите автомобили и автобуси ќе поминат веќе во втората половина на мај, што е осум месеци пред рокот. Товарните возила ќе им се придружат кон крајот на октомври, да не ја „расипуваат“ туристичката сезона.
Anton_Astrey/twitter.com / Global Look Press