„Во рок од неколку месеци ќе биде отворен друмскиот сообраќај преку Кримскиот мост, а идната година и железничкиот“, изјави Владимир Путин во обраќањето до Федералното собрание. Тој истакна дека отворањето на мостот ќе го поттикне развојот на Крим и сите руски територии на брегот на Црното море.
Претходно беше планирано експлоатацијата на друмскиот дел на мостот преку Керченскиот теснец да почне во декември 2018 година, а првите возови да поминат преку мостот во декември 2019 година.
Во април минатата година во рамките на медиумскиот форум во Санкт Петербург Владимир Путин вети дека, кога ќе биде завршена изградбата, ќе помине преку мостот на Крим во автомобил.
Како што беше претходно соопштено, во „градежниот проект на векот“ ќе бидат вложени 227,9 милијарди рубли. До декември градежниците треба да го завршат асфалтирањето на патот и уредувањето на коловозот. Претходно беше соопштено дека најтешката фаза на изградбата беше поморската операција за транспорт и подигање на конструкциите од големи размери во услови на море, што беше првиот потфат од овој тип во историјата на руската изградба на мостови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче